Таравари започна кампања „Вистината за ДУИ“, ќе објавува злоупотреби од претходната локална власт на Гостивар

Од:

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, денеска ја започна кампањата наречена „Вистината за ДУИ“. Тој најави дека ќе одржува прес-конференции на кои ќе обелоденува за сите злоупотреби извршени од поранешното раководство на Општина Гостивар, констатирани при внатрешната ревизија.

– Има полно скандали, почнувајќи од полицијата, образованието, областа на урбанизмот, работата на општинската администрација и така натаму. Неколку внатрешни ревизии веќе се завршени, некои се во тек, а со ревизии ќе се продолжи сè додека не се открие и последната злоупотреба. Денес, пред вас ќе го обелоденам случајот со кафетеријата кај ЈПССО „Риниа“ – Гостивар. Овој локал му е изнајмен на лицето Гази Фејзи за надоместок од само 5.000 денари месечно и тоа за период од 20 години. А најскандалозен е фактот што оваа кафетерија го блокира влезот на спортската сала каде што се одржуваат натпревари во првата кошаркарска лига и се собираат повеќе од 2.000 гледачи на кои им се загрозува безбедноста. Втората работа, истата кафеана користи електрична енергија и вода од спортската сала, значи тоа го плаќаат граѓаните на Гостивар, посочи Таравари и додаде дека со пари од Јавното претпријатие, се плаќале и одредени даноци и такси на кафетеријата.

Градоначалникот Таравари им ги подели на новинарите потребните материјали, односно договорот, преку кој новинарите и граѓаните можат да се уверат во неговата изјава, информирајќи ги дека тој ќе разговара со новиот директор на спортската сала, за да се обиде да го раскине договорот со менаџерот на кафетеријата. Што се однесува до мерките кои ќе бидат преземени, истакна дека во надлежност на општината е да се утврдат злоупотребите преку ревизија и да се сигнализираат надлежните истражни органи. Потоа, им преостанува ним да преземат соодветни дејствија за подигање одговорност.

Во врска со предложениот буџет за 2018 година Таравари изјави дека за неговиот кабинет предвидел околу 15 илјади евра помалку од поранешниот градоначалник Невзат Бејта за 2017 година и дека биле намалени и другите непродуктивни расходи.

Што се однесува до шансите за одржување седница на советот и усвојување на предлог-буџетот, Таравари одговори: „Господинот Насир Муслиу бара конструктивност од мене. Што се однесува до г. Муслиу, тој е господин во прав смисол на зборот. Такви луѓе има полно во ДУИ, но јас знам дека нивниот партиски огранок во Гостивар е во изборен процес, има фракции, поделеност, им се вршат притисоци од страна на поединец кој треба да се оддалечи од политичкиот живот и најверојатно ќе треба да одговара. Јас сум отворен за соработка, ќе седнеме и ќе разговараме и ќе направам се што ќе можам како градоначалник за надминување на овој грч. Грчот се знае во што е, не се свикува седница, не доаѓаат на седница. Им испратив вчера допис, во кој барам да се свика седница и се надевам дека ќе го одржиме тој состанок”, подвлече меѓу другото Таравари.

Би можело да ве интересира

Таравари: Македонија нема друга алтернатива освен влез во Европската Унија

Горан Наумовски

Автомобил паднал во Лакавичка река – тешко повреден возачот и негов сопатник

Таравари: Ако граѓаните треба да гласаат по втор пат за неполна година, останувам градоначалник

Предраг Петровиќ

Таравари: Бранот промени не може да се запре, ДУИ го прифаќа резултатот од прегласувањето

Таравари: Се уште немам решено дали ќе бидам министер за здравство

Графити со говор на омраза врз градскиот симбол на крајот во Гостивар

А1он