Таравари: Сите пациенти во македонските болници се во добра и стабилна состојба

Од:

По завршување на редовниот состанок на кризниот штаб, министерот Арбен Таравари информираше за состојбата со пациентите, кои беа повредени во несреќата што се случи во Кочани.

Во македонските болници сите пациенти се во стабилна и добра состојба.
Се планира девет пациенти да бидат испишани на почеток на неделата, откако ќе им бидат направени сите токсиколошки и психолошки испитувања.
– Надвор од државата се 115 пациенти, во критична состојба продолжуваат да бидат пет пациенти, но состојбата на пациентите флуктуира.
Седми ден е, нула починати. Нема ниту еден пациент кој починал. Очекуваме да се подобрува состојбата.

Следната недела имаме најави за враќање на повеќе пациенти во државава“, рече Таравари на денешната изјава за медиумите, по завршување на редовниот состанок на кризниот штаб.

Би можело да ве интересира

Мисајловски: Со реформата конечно го решивме прашањето на професионалните војници

Мицкоски: Оваа Влада интервенираше за да имаме најниски цени на горива во регионот, за време на минатата влада во 2022 година цената беше 2 евра

Кој ќе биде новиот шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција

Предраг Петровиќ

Кривични пријави за вработен во „Галичица“ и превозник од Битола поради незаконски транспорт на дрва

Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?