Таравари се сретна со албанскиот амбасадор Река: Ќе се формира Унија на албански општини за користење на ИПА фондовите

Од:

Амбасадорот на Република Албанија во Македонија, Фатос Река, престојуваше на официјална посета во општина Гостивар, при што беше пречекан од страна на градоначалникот Арбен Таравари.

На пријателската средба, градоначалникот Таравари го запозна амбасадорот Река со предизвиците со кои се соочува новото општинско раководство, како и со постигнатите успеси со примена на нов пристап на раководење во првите три-четири месеци од мандатот.

„Ми претставува задоволство и чест денеска да го пречекам амбасадорот на Република Албанија во Македонија, г. Фатос Река. Разговаравме за проекти кои што ние како општина Гостивар можеме заеднички да ги оствариме со општини од Република Албанија. Нашите односи се коректни и ќе се обидеме заеднички да го направиме најдоброто за граѓаните на двете земји во наредните четири години“ изјави Таравари за медиумите.

Бидејќи ова беше прва посета на Албанскиот амбасадор во општина Гостивар по локалните избори, Река му го честиташе на Таравари преземањето на градоначалничката функција, и му посака успешна работа, уверувајќи го за поддршка и продлабочување на соработката меѓу општините од Македонија и Албанија.

„Ми претставува посебна чест, да денеска бидам гостин на г-дин Таравари. Дојдов да му ја честитам новата функција и да разговараме за зголемување на ефикасноста на привлекување и имеплемнтација на европските фондови. Го уверив г-дин Таравари дека ние ќе го поддржиме во сите иницијативи во корист на граѓаните. Верувам дека како и во претходните функции, г. Таравари ќе има успеси и во функцијата градоначалник на Гостивар“, рече амбасадорот на Албанија во Скопје, Фатос Река.

Таравари го информираше амбасадорот за формирањето на Унијата на албански општини, чие седиште ќе биде во Тирана. Работниот тим на оваа Унија ќе биде составен од претставници на сите албански центри. Задачата на Унијата ќе биде користењето на ИПА фондови за регионална соработка на албанските општини од Македонија, Косово и Албанија, преку конкретни проекти.

Вреди да се истакне дека општина Гостивар, во рамките на Програмата ИПА за преку – гранична соработка, реализираше заеднички проект со Општина Корча, додека намерата е да се воспостави директна соработка и размена на искуства со повеќе општини од република Албанија.

Би можело да ве интересира

38-годишна жена е повредена во сообраќајка во Гостивар

Таравари: Има интерес за враќање на доктори од приватно во јавно здравство

Поради сообраќајка на патот Тетово – Гостивар, сообраќајот по една коловозна лента

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици