Таравари одговори на реакцијата на директорот на ФЗОМ

Од:

Министерот за здравство Арбен Таравари попладнево преку пишана изјава одговори на реакцијата на директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Стефановски во која тој изјавува дека Фондот непречено функционира и како директор ги извршува своите обврски согласно закон на дневна основа.

Изјавата на Стефановски беше реакција на претходна изјава на министерот Таравари во која тој вели дека директорот на ФЗОМ не оди на работа, го игнорира Министерството за здравство и до крајот на неделата ќе биде разрешен.

– Со голем интерес го прочитав вашето писмо и еве јавно би сакал да одговорам, иако лично преферирам состанок, кој за жал не успеавме да го реализираме поради вашето одбивање на моите повици и незаинтересираност за промените кои се и повеќе од потребни во нашето здравство. Од друга страна, за разлика од вас, директорот Орхан Рамадани секогаш одговараше на нашите повици и беше отворен за соработка, вели Таравари.

Тој нагласува дека заедно со неговиот кабинет интензивно работат на системски решенија и опоравување на здравствениот систем кој, како што истакнува, бил катастрофално уништен од страна на претходната администрација. – Интересот на граѓаните е секогаш мој приоритет, за разлика од вашата практика. Тоа го покажавте и со тоа што подмолно сакавте да ги поскапите лековите. Кога јас и мојот кабинет решивме да ја поништиме таа одлука, вие ниту одговаравте на нашите повици, ниту сакавте да ја потпишете мојата одлука. Каде е тука вашата конструктивност? Каде е тука вашата одговорност кон граѓаните на Република Македонија, прашува министерот Таравари.

Што се однесува до делот од изјавата каде Стефановски вели дека со разрешување на Управниот одбор се парализира одлучувањето во втор степен по жалби за лекување во странство, Таравари уверува дека нема да има никаков застој во овие постапки и најави дека на почетокот на следната недела, најдоцна до вторник, ќе се формира нова комисија за оваа постапка.

– И самите сте свесни дека ова се вашите последни денови како директор на Фондот и наместо да се фокусирате на моето дискредитирање, би ве советувал фокусот да го насочите кон нешто многу поконструктивно. Доволно граѓаните трпеа од вашите деструктивни политики. Од сега па натаму вашите критики упатувајте ги од опозиција, каде што се наоѓа вашата партија, вели министерот Таравари во писмото упатено до директорот на ФЗОМ, Сашо Стефановски.

Би можело да ве интересира

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада