Таравари од првиот ден почна да ги разрешува економските директори на клиниките

Од:

Новиот министер за здравство, Арбен Таравари уште денеска ќе разреши 7-8 економски директори на клиниките. За останатите ќе се прават законски измени во најбрз рок, за да не се соочува министерството со тужби најави Таравари.

– Денеска ќе бидат разрешени 7-8 економски директори кои се вршители на должност. Веќе дадов наредба во министерството денеска да разрешиме одреден број економски директори на кои им завршува мандатот. До средината на јули сите в.д економски директори ќе се разрешени. За економските директори со мандат пак, ќе бидат потребни измени на Законот во Собранието. За месец или два, нема да има повеќе економски директори и со закон, рече Таравари на првиот работен ден при посетата на хируршките клиники.

Економските директори беа воведени во 2006 година.

Во однос на иницијативата за спојувањето на Клинички, Таравари изјави дека е добро тоа да се заврши што е можно побрзо, но потребно е процесот да се одвива синхронизирано.

-Не треба да се брза, мислам дека за една година максимум ќе бидат споени. Ни требаат нови систематиизации да не настане хаос, не би сакал да има повторно дисфункционалност, да биде се синхроинизирано, и јас ќе се обидам што поскоро да го озраиме спојувањето на Клиничкиот, рече министерот за здравство Таравари.

Би можело да ве интересира

МЗ: Околу 25.000 граѓани се пријавиja за вакцинација против сезонски грип

А1он

Македонија обоена во зелена боја за донирањето органи

А1он

Нема лекарска грешка кај родилката која остана неподвижна, заклучи Стручната комисија

Катерина Ѓуровски

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

МЗ: Нема регистриран пациент чија состојба се поврзува со загадена вода во Скопје

Горан Наумовски

Лекот Фостер повторно без доплата во аптеките