Таравари: Ние сме дел од ВЛЕН, ќе се трудиме до крај да најдеме решение, ако не сами ќе одиме на избори

Од:

Случувањата во овој момент во политиката се динамични и треба да се носат разумни одлуки, рече Арбен Таравари пред почетокот на партиското собрание на Алијанса за Албанците кое денес се одржува во Гостивар.

Меѓу новостите беше и доаѓањето на Исен Шабани, актуелен градоначалник на општина Врапчиште кој доскоро беше и потпретседател на партијата во крилото на Зијадин Сеља.

На прашањето на новинарите околу коалицирањето со останатите партии на Албанците во Македонија, Таравари рече дека се коалициски партнери.

– Ние сме дел од ВЛЕН, ќе се трудиме до крај да најдеме решение, ако не сами ќе одиме на избори, рече Таравари

Тој потврди дека со Изет Меџити имале средба пред четири дена и дека разговорот бил конструктивен и траел речиси два часа. Тараври, исто така потврди дека имал и средба со лидерот на опозициската ДУИ, Али Ахмети кога се сретнал со претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај.

– На таа срдба само се поздравивме, како што налага однесувањето во такви прилики. Јас со секој политичар би се поздравил освен со лидерот на Левица, потенцира Таравари.

Исен Шабани одговорајќи на новинарски прашања за неговото присуство и можно кандидирање на претстојните избори рече дека планира да биде независен кандидат и да бара поддршка од крилото Таравари.

-Денес собрав храброст да ги отстранам сите дилеми за АА и да биде што е можно повеќе обединета, рече Исен Шабани.

Според најавите дека Шабани е можен кандидат за трет мандат за градоначалник во Врапчиште, тој посочи: – Не можам да бидам партиски потпретседател додека не поднесам независна кандидатура, изјави Шабани.

На дневен ред пред партиските членови е дикусија за актуелната политичка состојба, за локалните избори, а донесена е и декларација за трагедијата во Кочани.

Би можело да ве интересира

Таравари: Вознемиреност со чувство на вина, победата во октомври е многу блиску

А1он

Таравари го разреши Арбен Фетаи од партиската функција

А1он

Таравари ја напушти Владата и замина кај Рама во Тирана

Катерина Ѓуровски

Рамадани поднесе оставка на функцијата Национален координатор за имплементација на нови технологии

Таравари се приклучи на блокот на криминалот и минатото, вели премиерот Мицкоски

Влен: Се зголемува бројот на луѓе разочарани од скандалозната одлука на Таравари да оди во скутот на Ахмети

Горан Наумовски