А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Таравари: Состојбата со Хантан вирусот под контрола

by А1он01/08/2017 - 13:2401/08/2017 - 14:42116
Share0

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска информира дека покрај двајцата починати од село Симница, останатите осум пациенти кои беа задржани на лекување ќе бидат пуштени дома бидејќи немаат никакви симптоми.

Добивај вести на вибер

Таравари информира дека кај осумте пациенти кои биле задржани на лекување биле направени комплетни испитувања. Само еден пациент имал гранични вредности на антитела и вторпат било направено испитување, по што биле негативни.

– Сите осум пациенти, со последните резултати на испитувањата на антитела во крв се негативни. Сите ќе бидат пуштени дома бидејќи немаат никакви симптоми и знаци. Само еден пациент кој е примен вчера, исто така од село Симница, и кај кој има одредени симптоми, мора да почека седум-осум дена за да се направат крвни испитувања за да се докаже дали постојат такви антитела. Пациентот нема симптоми кои се поврзуваат со треска, освен што има црвенило во грло, нагласи Таравари на прес-конференција.

Тој потенцира дека се преземени сите мерки, од Комисијата и од подрачните единици за епидемиологија во Тетово и Гостивар.

– Целиот терен, и на селото, од куќа во куќа и целото бачило е дератизирано и дезинфицирано. Сега за сега комплетно состојбата е под контрола, рече Таравари.

zdravstvo

Би можело да ве интересира

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Горан Наумовски06/03/2026 - 12:30

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Катерина Ѓуровски20/02/2026 - 13:55

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

Горан Наумовски16/02/2026 - 12:07

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он05/12/2025 - 16:43

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски21/11/2025 - 11:5221/11/2025 - 13:43

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!

Предраг Петровиќ17/11/2025 - 14:02
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен