Таравари: Нема лекарска грешка во врска со седуммесечното бебе кое почина на Детската клиника

Од:

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска изјави дека го прочитал извештајот во врска со седуммесечното бебе кое почина на Детската клиника во Скопје, и во него е констатирано дека нема лекарска грешка.

-Извештајот пристигна, јас го прочитав уште во понеделник. За среќа, професионалците констатираа дека докторите немаат никаква грешка, рече Таравари на денешната прес-конференција, одговорајќи на новинарско прашање.

Прашан каде бил проблемот за смртта на седуммесечното бебе, Таравари одговори дека најверојатно бебето е донесено подоцна на Клиниката.

-Можеби болеста си го направила своето, можеби подоцна е донесено детето. Меѓутоа, констатирано е дека нема лекарска грешка, додаде Таравари.

Седуммесечно бебе починало на 16 декември на интензивна нега на Детската клиника во Скопје.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), кој изврши вонреден инспекциски надзор на Детската клиника откако почина седуммесечно бебе, предложи Министерството за здравство да покрене постапка за стручен надзор над лекувањето на бебето.

На 11 декември, во вечерните часови, детето повторно било донесено на Клиниката и заради влошената клиничка слика, хоспитализирано е на Одделот за неврологија. Креирани му се упати за повеќе испитувања, а на 13 декември заради натамошно влошување на здравствената состојба, трансферирано на Одделот за интензивна нега и терапија.

Откако во јавноста излезе веста за смртта на бебето, директорот на Детската клиника, Реџеп Мемеди рече дека биле запазени сите процедури и третмани и нема лекарска грешка. Тој рече дека се работи за неоснован притисок врз Клиниката и здравствениот персонал во оваа институција.

Би можело да ве интересира

Подготвен протокол според кој идната недела ќе бидат пречекани првите пациенти кои се лекуваат во странство

Шестмина повредени, двајца во Љубљана и четворица во Белград се во многу критична состојба

Катерина Ѓуровски

Десет повредени од пожарот во Кочани се пуштени на домашно лекување

Горан Наумовски

Двојно е намален бројот на паценти во критична состојба по пожарот во Кочани

Катерина Ѓуровски

Експертски тим ќе утврдува од што почина 32-годишниот кумановец Ведат Адеми

А1он

Таравари: Добрата вест е што поминаа 72 часа и нема ниту еден починат од тие што ја преживеаја трагедијата во Кочани

А1он