Таравари: Не би сакал да верувам дека пожарот во Русино е дело на некој партиски пироман

Од:

Политичките опоненти од ДУИ и Алијанса за албанците си ја префрлаат одговорноста за појавата на пожар на депонијата Русино. На новинарски прашања дека изминативе два дена има непријатна миризба и чад кој доаѓа од јужниот дел на општина. Двете страни изразија сомнеж дека причините се политички мотивирани.

Градоначалникот Арбен Таравари запрашан за актуелната состојба во регионалната депонија изрази сомнеж дека тоа е дело на човечка рака. Тој бил информиран дека по дојавата на граѓани, пожарникарите утрово интервенирале на депонијата Русино и спречиле поголеми последици.

– Не би сакал да верувам дека ова е дело на некој партиски пироман и на ваков начин да го загрозува здравјето на своите сограѓани. Сомнително е што таму беше мирно и во најголемите жештини и немаше ниту самозапалување. А сега на еден месец пред кампања на ваков начин се актуализира овој проблем. Доколку на камерите кои се поставени се појави лице кое тоа го прави, ние ќе го пријавиме до надлежните, рече Таравари.

На прашање до министрите за екологија и економија Насер Нуредини и Крешник Бектеши кои денес промовира инвестиција во Гостивар, за коментар околу искажаните сомнежи на првиот човек на општина Гостивар. Двајцата, за состојбата во депонијата Русино одговорноста ја посочија кон локалната власт.

– Воопшто не во ред тоа што се случува таму и подметнувањето на пожар е за секаква осуда. Обврските и управувањето со депонијата Русино се на локалната власт. Ние помагаме и имаме проект вреден над 18 милиони евра и наскоро ќе почне неговата реализација. Сега одговорноста за управување со депонијата е на локалната самоуправа, рече Нуредини.

Министерот за економија Крешник Бектеши дополни дека не ги знае мотивите, но потенцира дека изјавата на Таравари е дефокусирање на јавноста од проектите кои државата ги реализира во гостиварскиот регион.

Од локалниот огранокот на ДУИ јавно поставија прашање, дали компанијата задолжена за обезбедување ја исполнува обврската за која плаќа со пари од касата на општината.

Би можело да ве интересира

Пожар во изборниот штаб на ДУИ во Кичево

Целосно изгоре куќа во Волково, нема повредени

А1он

Пожар во галијата кај Холидеј Ин

А1он

Изгаснат пожарот во адвокатската улица во Скопје

А1он

Пожар избувна во стар објект во адвокатската улица во Скопје

А1он

Автомобил се запали во скопската населба Аеродром

А1он