Таравари: Наскоро ќе има нови директори, бараме најдобри решенија

Од:

Наскоро ќе има нови директори, расмислуваме и секогаш мислиме за најдобри решенија, затоа и не брзаме. Здравството треба полека да изнаоѓа луѓе кои знаат и умеат убаво да управуваат со здравствените институции, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари.

Ако имаме успешни директори, посочи, ќе бидеме успешни како министри, а и Владата.

– Затоа не брзаме, ќе изнајдеме најдобри решенија, само дајте ни малку време, истакна Таравари, одговарајќи на новинарско прашање по промоцијата на проектот „Добредојде бебе“.

Во врска со тоа до каде е постапката со гинекологот во Шуто Оризари, рече дека гинекологот е најден, веќе е нострифицирана дипломата, има земено лиценца за работа од Лекарската комора и во тек е процедура за регистрација на приватна здравствена установа или консеционерство.

– Се надевам за неколку недели ќе завршат процедурите, додаде Таравари.

Би можело да ве интересира

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!

(ВИДЕО) Цветановски: Зошто за шокантниот скандал со операциите веднаш не се поднесени кривични пријави?

Горан Наумовски