Таравари: Министерот на брка од работа, очекувам директорите да преземат мерки за лекарите кои направиле превид во случајот со починатото бебе

Од:

Ниту сум судија ниту пак имам ингеренции да избркам некого од работа, но очекувам директорите на Детската клиника и на болницата „Козле“ да преземат мерки за лекарите што направиле превид во случајот со смртта на починатото 14-месечно бебе како што нотираше комисијата , изјави министерот за здравство Арбен Таравари.

Таравари потенцираше дека нема да ги разрешува директорите, остава време тие да преземат мерки и да има одговорност за случајот.

„Верувам дека двајцата директори ќе преземат мерки, а какви ќе бидат, не сакам да предвидувам, сепак очекувам од нив да има некаква одговорност“, изјави Министерот.

Извештајот на комисијата е испратен до двете клиники и до Лекарската комора.

Би можело да ве интересира

70 деца на лекување во Козле, 15 со компликации од грип

Д-р Мицевска: Околу 20 деца со грип хоспитализирани на Детската клиника

Сиљановска Давкова ги посети децата на детските клиники во Скопје

ВЛЕН: За сала од 50.000 евра, Таравари потроши 750.000 евра народни пари

Мастербет донираше близу 400 новогодишни пакетчиња за хуманитарните активности на Црвениот крст

ВРЕДИ: Таравари отиде за шест општини, остана со четири заврши со нула