Таравари: Ќе се обидеме да најдеме заеднички јазик со коалицијата „Вреди“ за локалните избори

Од:

Партиското раководство на крилото на Алијанса за Aлбанците кое го предводи Арбен Таравари во наредниот период ќе се обиде да најде заеднички јазик со останатите партии од коалицијата „Вреди“ за локалните избори. Ова го кажа Таравари по паузата на четиричасовната седница на собранието на партијата Алијанса за Албанците што се одржува во Гостивар.

– Наредните денови ќе имаме интензивни средби. Приоритет е соработката со Влен, но не исклучуваме ниту други резервни опции. Во наредниов период и централното претседателство ќе се состане и ќе го каже конечниот одговор, рече Таравари по седницата.

Тој додаде дека Алијансата за Албанците останува отворена за сите можности кои им служат на интересите на граѓаните и на најдостојно претставување на Албанците во локалните и централните институции.

Седницата на партиското раководство доаѓа во време кога се зборува за несогласувања во коалицијата и пред локалните избори.

Денеска, кон старото партиско јато се приклучи и Исен Шабани, потпретседател на крилото на АА предводено Зијадин Села и актуелен градоначалник на полошката општина Врапчиште.

Таравари пред седницата на партиското Собрание во Гостивар демантираше дека има намера да се обедини со Зијадин Села и потенцираше дека нема да се дискутира за тоа прашање.

Седницата се уште трае и е затворена за јавноста.

Би можело да ве интересира

Дали Мицкоски ќе продолжи да го штити Меџити од обвинувањата за 450 илјади евра провизија за „Скендербег“, прашува Алијанса на Таравари

Алијанса за Албанците: ВРЕДИ што поскоро да се повлече од оваа екстремна влада против Албанците

А1он

Таравари бара да се објават сите корисници на унгарскиот кредит

АА на Таравари определи четворица кандидати за градоначалници

Катерина Ѓуровски

АА: Таравари и Рамадани биле пречка за вработувањата во здравствениот систем

За Таравари ВРЕДИ се изгубени во орбитата на ВМРО-ДПМНЕ поради Законот за коцкање

Катерина Ѓуровски