Таравари: Господинот Биљали не ги стави зборовите баш како што треба во реченицата

Од:

Претседателите на четирите партии, кои се во состав на коалицијата Влен вечерва ќе одржат состанок на кој ќе разговараат за натамошното дејствување на коалицијата, изјави денеска во Гостивар, лидерот на дел од Алијанса за Албанците и министер за здравство Арбен Таравари.

Таравари по работната посета на општа болница „Ферид Мурад“ во Гостивар, одговарајќи на новинарско прашање истакна дека претседателите на Беса, Биљал Касами, на Алтернатива, Зеќирија Ибрахими, на Демократското движење, Изет Меџити и тој како прв човек на дел од АА се во континуирана комуникација во однос на натамошното политичко дејствување и изрази надеж дека ќе се изнајде надоброто можно решение, кое ќе биде во интерес на сите.

-Во Вреди продолжуваме со разговори. Вечерва имаме состанок, сите четири претседатели на партии, континуирано имаме комуникација, се надевам дека работните групи ќе продолжат да работат и дека ќе изнајдат најдобро можно решение, кое нема да биде фрустрирачко или демотивирачко за партиите, кои се дел од Влен, истакна тој.

Во однос на изјавите на градоначалникот на Тетово и негов коалициски партнер, Касами, лидерот на едното крило на АА изјави дека во психологијата има еден феномен кога „устата побрзо зборува додека мозокот процесуира“.

– Во психологијата има еден феномен, кога устата зборува побрзо од мозокот, додека мозокот процесира. Се вика како феномен лапсус лингве и мислам дека господинот Биљал немаше намера лошо да мисли, дека Алијанса за Албанците е нула, туку не ги стави зборовите баш како што треба во реченицата. Се надевам, мислам и сигурен сум дека нема лоши намери и не мисли така како што кажа, туку избрза со еден збор и кажа како што не треба, истакна Таравари.

Првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, кој е и претседател на Демократското движење пред неколку дена побара од Таравари да избере страна, дали ќе биде дел од Влен или ќе преговара со ДУИ за претстојните локални избори.

Меџити на прес-конферецијата во Владата во вторникот истакна дека Таравари бил запознат со идејата за обединување на политичките партии од овaа коалиција во една партија.

Идејата за фузирање, како што истакна, била присутна уште од самиот почеток на коалицирањето, но се чекало соодветен момент за усогласување на политичките структури, идеите и програмите за да се направи следниот чекор кон формирање еден политички субјект.

Таравари, пак, неодамна изјави дека нема добиено понуда од Влен да се спојат во една партија. За понудата за соработка на локалните избори во октомври, која Беким Ќоку со согласност на Изет Меџити, Биљал Касами и Зеќирија Ибраими ја испратил до Алијанса за Албанците, Таравари, пак, изјави дека ја доживува како ултиматум.

– Еден час пред да се одржи Собрание излезе јавно писмо до медиумите, порталите, но и до нас. Еден час пред да се одржи Собрание, ми изгледаше како ултиматум, никогаш во животот не сум прифатил ултиматум од никој, зборувам како лидер на партија, сакам разговори. Да седнеме, да разговараме, но ултиматуми не прифаќам. Едноставно, сакаме разговори и договори, а не ултиматум, изјави Таравари во понеделникот.

За информациите дека добил понуди од Влен и од ДУИ да има 35 отсто од советничките листи и пет кандидати за градоначалници на претстојните локални избори, Таравари рече дека не преговарал со ДУИ, а од Влен добил понуда, која повеќе може да ја нарече ултиматум отколку понуда.

Би можело да ве интересира

Влен: Петар Богојевски лавира во ставовите во зависност од личните очекувања, од реформатор на ВМРО-ДПМНЕ до македонски националист

„Вреди“: Лицемерно е кога ДУИ рони солзи за правда

Горан Наумовски

Меџити го повика Таравари да прекине да преговара со ДУИ и да одлучи каде сака да биде

Партнерите од „ВРЕДИ“ му испратиле ултиматум на Таравари, понуда за спојување во една партија не добил

Катерина Ѓуровски

Меџити: Само Таравари гледа можност за соработка со ДУИ

Катерина Ѓуровски

Таравари: Ќе се обидеме да најдеме заеднички јазик со коалицијата „Вреди“ за локалните избори

Горан Наумовски