Влен: „Безбеден град“ ги штити животите на граѓаните и гарантира безбедност

Од:

Законот за „Безбеден град“ е еден од најважните закони што се донесени во Македонија, бидејќи во својата суштина ги штити животите на граѓаните и гарантира безбедност на јавните простори. Овој закон не е за камери или казни, туку за создавање услови секој граѓанин да се движи без страв и без ризик по животот. „Безбеден град“ значи побезбедни улици за пешаци, велосипедисти, корисници на електрични тротинети и лица со попреченост. Тоа значи дека мајката може да оди со своето дете без страв, дека граѓанинот нема да го изгуби животот поради туѓа невнимание и дека јавните простори им служат на луѓето, а не на сообраќаен хаос, велат од Влен.

„Овој закон директно има за цел да ги намали смртоносните несреќи и да ја подобри безбедноста на патиштата, особено на автопатите, регионалните патишта и градските булевари, каде што ризикот е реален и секојдневен. „Безбеден град“ е модерна алатка за менаџирање со јавната безбедност, која одговара на современите предизвици и ја доближува нашата земја до европските стандарди.

Денес, современите градови во Европа користат интегрирани системи за следење и брз одговор, бидејќи тие ја зголемуваат безбедноста, го намалуваат просторот за прекршоци и ги прават институциите поефикасни и попрофесионални. „Безбеден град“ е токму таков чекор кон држава која функционира подобро за своите граѓани.

Во врска со имплементацијата на системот, нагласуваме дека толеранциите на камерите ќе бидат идентични со оние што веќе ги применуваат полициските радари: толеранција од 6 км/ч за брзини до 100 км/ч и 8 км/ч за брзини над 100 км/ч. Ова јасно покажува дека целта не е казнување, туку спречување на прекршоци што ги загрозуваат животите на луѓето. Толеранцијата се однесува само на помали прекршоци и не се однесува на случаи на кривични сообраќајни прекршоци.

Пораката на ВЛЕН е јасна: правилата постојат за да се почитуваат и да го заштитат животот. Безбедноста не е казна, безбедноста е колективна одговорност. “Безбеден град“ е закон за побезбедно, поуредно и похумано општество“, нагласуваат од Вреди.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Правосудниот испит ќе се полага и на албански јазик

Горан Наумовски

Вреди: Бујар Османи ни две години не може да издржи ако не е министер

Горан Наумовски

„Вреди“ на 9 мај прераснува во политичка партија со ко-претседатели Меџити и Касами

МВР: Потврдите од платените казни од системот „Безбеден град“ граѓаните нема потреба да ги носат во полициска станица

А1он

ВЛЕН: Албанците не се алатка, туку се ЗАКОН

ВРЕДИ: Ахмети си напиша писмо сам на себе