Таравари: Денеска се враќаат пет пациенти, четворица од Шпанија и еден од Грција

Од:

Во моментов во државата се лекуваат 23 пациенти кои беа повредени во пожарот во Кочани, повеќе од 20 се пуштени на домашно лекување. Во Клиничкиот центар се само четворица, двајца на Клиниката за пластична хирургија, двајца на Токсикологија, девет пациенти се во Градската болница „8 Септември“ од кои еден е за испис и во Систина се лекуваат четворица пациенти. Бројот на пациенти кои се лекуваат во странство сега е 113, информира денеска на прес-конференција министерот за здравство Арбен Таравари.

Таравари кажа дека пациентите кои се сместени во „Систина“ се во стабилна состојба и дека во наредните денови ќе информираат кога ќе бидат пуштени дома. Пациентите, пак, кои се лекуваат во странство почнуваат постепено да се враќаат дома.

-За оние кои се лекуваа надвор од државата имаме добри вести. Денеска веќе не се бројка 116 туку 113 што се лекуваат. Вчера еден пациент е вратен од Србија и една пациентка е вратена од Бугарија. Денеска се враќаат пет пациенти, четворица од Шпанија и еден од Грција, рече Таравари на прес-конференцијата.

Во првите 24 часа по враќањето, како што е предвидено по протокол, оние пациенти што се враќаат во земјата ќе бидат сместени во некои од клиниките каде ќе треба да бидат под надзор.

Би можело да ве интересира

Димовска: Целиот судски систем се наоѓа пред голем предизвик – судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

ВРЕДИ: Таравари отиде за шест општини, остана со четири заврши со нула

Во Кочани се одржа 27. „Марш за ангелите“, родителите на починатите во „Пулс“ ги обвинија институциите, од кои бараат правда и праведно судење

Горан Наумовски

Ова не е само судење за еден пожар – ова е судење за човечноста, совеста и одговорноста, реакција на родителите на жртвите во „Пулс“

Катерина Ѓуровски

Судењето за трагедијата во „Пулс“ почнува на 19 ноември

Катерина Ѓуровски

Пренеси им порака на ангелите, правдата мора да дојде – родителите на жртвите со порака по смртта на Панчо