Таравари: Демиров е згрижен, ќе му биде пружена целосна нега

Од:

Целата ситуација е под контрола и во сигурни раце, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари во врска со бездомникот Муарем Демиров.

Демиров е згрижен на Клиниката за торакално васкуларна хирургија каде ќе му биде пружена потребната помош, а потоа ќе биде сместен во некој од домовите.

– Завчера медиумите објавија вест за пациентот Демиров кој има хронични проблеми од пред шест месеци. Мојот кабинет беше комплетно ангажиран околу тоа и денеска пациентот е хоспитализиран. Ќе му се даде целосна лекарска помош, а потоа, заедно со Министерството за труд и социјална политика ќе се обидеме да го сместиме во некој од домовите низ Македонија, рече Таравари откако го посети Демиров на Клиниката.

Би можело да ве интересира

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец

Предраг Петровиќ

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски