Таравари: Бараме од МВР да не ги штитат бандитите

Од:

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари денеска одржа прес-конференција во врска со инцидентот што се случи гостиварската гимназија.

„Во историјата на Гостивар, никогаш не се случило партиски војници да влезат во училиште и да тепаат професори. Насилството кон двајца професори од страна на поранешен затвореник, телохранител и возач на Невзат Бејта, и од страна на синот на директорот на училиштето, кој исто така е познат како проблематичен. Тие влегле во училиштето вооружени, а целата ситуација била оркестрирана од страна на директорот на училиштето, кој од сабајле му рекол на еден од истепаните професори – ќе видиш што ќе те снајде. Така и се случи, двајцата професори завршија со сериозни повреди во неврохирургија во Скопје“, објасни градоначалникот Арбен Таравари.

Тој побара од Министерството за образование и наука да му се вратат ингеренциите на градоначалникот, а надлежните органи целосно да го разсветлат случајот и сторителите да бидат соодветно казнети.

„Рековме дека одземањето на надлежностите во образованието ќе донесе последици и ете ги гледаме последиците. Бараме од Министерството за образование и наука да ни ги врати овластувањата, да се суспендира директорот на гимназија како сценарист на овој напад, бараме од Министерството за образование да ја информира општината кои чекори се преземени за конкретниот случај. Ние како општина формиравме комисија која го истражува случајот, зошто дојде од овој насилен инцидент, а од МВР бараме да не ги штити бандитите и да го расветли случајот. Јас сум убеден дека ако тој ден, напаѓачите беа активисти на АА, тие ќе беа денес во затвор. Додека двете лица кои ги истепаа професорите, слободно се шетаат и им се закануваат на граѓаните и на другите активисти на Алијанската за Албанците“, изјави Таравари

Таравари побара ладнокрвност од сите граѓани кон ваквите провокации. Нагласи дека не сака одмазда, но инсистира на тоа надлежните органи да ја извршуваат својата должност во корист на правдата.

„За жал, државата често инсистирала Албанците да војуваат меѓу себе. Јас нема да дозволам тоа да се случи. Побарав толеранција од страна на сите граѓани и од страна на членовите на АА, да бидат ладнокрвни кон ваквите провокации, со цел надлежните органи да ги решат овие работи“, истакна Таравари.

Тој рече дека би сакал огранокот на ДУИ во Гостивар да го води мериторен човек со кого би можело да се соработува и да се градат заеднички стратегии во корист на граѓаните

Би можело да ве интересира

38-годишна жена е повредена во сообраќајка во Гостивар

Таравари: Има интерес за враќање на доктори од приватно во јавно здравство

Поради сообраќајка на патот Тетово – Гостивар, сообраќајот по една коловозна лента

Тројца работници од Гостивар се повредиле на градежен објект

Таравари: Мислењето на Венецијанската комисија за законот за правична застапеност е добредојдено

Во Гостивар водата не е за пиење, во Тетово има рестрикции

Катерина Ѓуровски