Тантуровски: Донирав за ВМРО-ДПМНЕ, но тоа не значи дека сум партиски поврзан

Од:

Новоизбраниот член на Антикорупциска комисија, Игор Тантуровски, потврдува дека во 2012 година донирал 60.000 денари за владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, но вели дека тоа не зборува за неговата партиска независност како основен законски предуслов по кој се бираат членовите на оваа Комисија.

– Тоа е јавно достапен податок и немам што да порекнува. Не знам каде ја гледате поврзаноста со партија, јас не гледам таква поврзаност, можам да се најдам како донатор за било што – вели Тантуровски за „А1ON“.

Вчера Собранието ги изгласа новите пет члена на Комисија за спречување на корупцијата, а независните пратенички и пратениците од ДУИ ја спореа одлуката затоа што имињата се анонимни за јавноста и затоа што не е докажана нивната партиска независност. Пратеничката Солза Грчева аргументираше дека новите членови не го исполнуваат највисокиот услов со тоа што не е докажано дека се партиски „чисти“, без книшка и без партиско досие.

Тантуровски, пак, вели дека својот професионален интегритет ќе го докажува преку работа во Комисијата.

– За тоа може да се суди спрема мојата работа, а мојата работа ќе се докаже во понатамошниот период. Треба тоа да го докажам како професионалец, како што сум се докажувал претходно во мојата струка – изјави тој.

Со одлуката која ја донесе Собранието, во новиот состав на Комисијата ќе членуваат и новоизбраните адвокати Горан Миленков и Најдо Спасевски, како и правниците Сузана Таскова Аџикотарева и Жаклина Дамческа. Од претходниот состав остануваат економистите Сејди Халили и Фарије Алиу.

Во стручната јавност постои големо незадоволство од работата на ова тело од причина што со години ги игнорира коруптивните афери во кои се вмешани луѓе од власта. Статистиките говорат дека минатата година од 228 случаи кои ги истражувала Комисијата, само седум се прифатени од Обвинителството, а при тоа никој не е казнет.

Поради неефикасноста на Комисијата пратеничката Роза Топузова-Каревска на вчерашната седница предложи ова тело да се укине и на тој начин да се заштедат трошоците. За илустрација, во 2015 година на Комисијата и се доделени 507.000 евра од буџетот, а надоместоците за членовите се во висина од 2,5 просечни плати.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски