„Талир“ почна од почеток и пак не почна

Од:

Поради истек на 90 дена од претходното рочиште, од почеток почна судењето за предметот на СЈО, „Талир“. Адвокатите Дончо Наков и Еленко Миланов побараа судењето да прекине поради тоа што е осомничена и во притвор, специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.

Претходно обвинителката Ленче Ристоска приговараше за листите на докази поднесени од обвинетите.

Судијата Осман Шабани рече дека се одлага судењето за да се произнесат за предлозите. Следното рочиште е закажано за 3 октомври.

За ова судење никогаш не почна главната расправа.

„Талир“ е единствениот предмет на СЈО со обвинение поднесено по рокот од 30 јуни 2017. По овој датум Врховниот оцени дека СЈО не смее да отвора истраги и да покренува обвиненија.

Според обвинението за „Талир“ во периодот од 2009 до 2015 година на сметката на ВМРО-ДПМНЕ незаконски легнале 4,6 милиони евра.

Меѓу обвинетите за перење пари и злоупотреба на службената положба и овластување се избеганиот експремиер Никола Груевски, ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски, поранешниот генерален секретар Кирил Божиновски, пратеникот Илија Димовски, Леко Ристовски и самата партија.

Предметот „Талир 2“ е за незаконската градба на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Верушевски дојде да сведочи за прислушувањето

Васко Маглешов

Нови рочишта за „Таргет Тврдина“ и „Транспортер“

Ана Ололовска

Заев: Да се надминеме себе си и да го договориме законот за ЈО

Татјана Ташкова

Азманов: Боки 13 ми се закануваше со документи од СЈО и од Финансиска полиција

Татјана Ташкова

ЈОРСМ презело 171 предмет од СЈО, приоритет ќе имаат оние во судска постапка

Ана Ололовска

Милошоски: Можна средба за Законот за ЈО утре, вратен предлогот за анкетна комисија СЈО

Ана Ололовска