„Талир“ никако да почне: Адвокатите немале 26 изјави на сведоци

Од:

Во Кривичниот суд во Скопје, повторно по четврти пат беше одложено судењето за незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ во предметот „Талир“ на СЈО.

Адвокатката на обвинетите, Сања Алексиќ, на почетокот од рочиштето, побара судењето да биде одложено бидејќи им недостогале изјави на 26 сведоци во постапката. Обвинителката Ленче Ристоска, рече дека вчера ги контактирале адвокатите на обвинетите во предметот и побарале одлагање на денешното рочиште. СЈО констатирало дека на одбраната не им биле доставени цедеа со изјави на 26 сведоци. Во меѓувреме цедеата ги преснимиле и денеска им ги доставија на адвокатите на обвинетите.

Ристоска рече дека се надева оти ова е последно одлагање на предметот оти одбраната ги има доказите уште кон крајот на 2018 година.

Судот ја одложи расправата за 16 април.

Во „Талир“ обвинети се Никола Груевски, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески за „злоупотреба на службената положба и овластувања“ и „перење пари“, како и Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска обвинети перње пари. За истото дело, како правен субјект со обвинета е и партијата ВМРО-ДПМНЕ. Чингаровска призна вина и доби условна казна.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

ОЈО го измени обвинението во „Талир“, застаре едно од делата на Миле Јанакиески

Горан Наумовски

Изборот на нови судии во Апелација, може да ги врати „Ласкарци“, „Титаник“ и „Талир“ од почеток

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов