Талески: ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Договорот со Фронтекс во Собрание

Од:

Договорот со Фронтекс што нашата држава го потпиша на официјален македонски јазик е голем успех за македонската држава и дипломатија.Со тоа пропаднаа во вода сите лаги и хистерии што опозицијата, а пред се пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Левица ги ширеа овде во Собранието, но и надвор од него рече на прес конференција пратеникот на СДСМ Миле Талески.

– Поминаа повеќе од шест месеци од потпишувањето на Договорот со Фронтекс, а ВМРО-ДПММНЕ и Левица не собраа храброст да се извинат за тоа што грубо ја лажеа јавноста. Денеска, пред нас пратениците на дневен ред е ратификацијата на Договорот со Фронтекс. Кога веќе ја испуштија приликата да им се извинат на граѓаните за сите лаги околу македонскиот јазик и идентитет, пратениците имаат шанса денеска тоа да го сторат преку гласање ЗА ратификација на Договорот.Договорот со Фронтекс е еден од најсилните докази дека македонскиот јазик е признаен од ЕУ и тоа со чиста формулација, без додавки и фусноти, како што тоа беше случај пред десеттина години вели Талески.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат