Талески: Правниот расплет ќе реши се

Од:

Градоначалникот на Битола, Владимир Талески по денешната „бомба“ која ја објави СДСМ, изјави дека правниот расплет ќе реши се.

Талески оцени дека опозициската партија нема креативен потенцијал за демократски натпревар и сака да дојде на власт без избори, служејќи се со лаги, шекулации, монтажи и деструкција.

Околу два месеца, рече Талески, се врши притисок во јавноста со објавување снимки, монажи, шпекулации и интриги со цел дисредитирање на функционери од ВМРО-ДПМНЕ.

– Едно е сигурно и проверено – за луѓето судиме според нивните дела, а не според нивните зборови. Правниот расплет ќе реши се’ и блиску им е крајот, рече Талески.

Граѓаните, наведе, имаат штета од СДСМ и кога е на власт и кога е во опозиција.

– Нивни карактеристики се отпуштање од работа, ароганција, корупција, закани, мобинг, уцени, сеење страв, распаднати институции и објекти, уништени јавни претпријатија, лаги, малверзации, интриги, омраза, гнасење, деструкција, рече Талески и дополни дека во време на СДСМ во Битола се отпуштени од работа најмалку 10.000 лица и оти се случи аферата ТАТ во која биле ограбени 12.000 семејства во вредност од 120 милиони марки.

Во 2005, посочи Талески, наследивме мрачна, валкана, инфраструктурно уништена и заглавена во долгови општина. Ги наброја проектите во мандатот на актуелната власт, меѓу кои индустриската зона Жабени во која се вработени 2.000 луѓе, каде се издадени 10 одобренија за градба на инвеститори за нови фабрики.

– Го градиме Златен рид, поранешната касарна, во која веќе градат 8 инвеститори. Направивме булеварски влез и други влезови во градот. Направен е магистралниот пат М-5 со асвалтирање од Прилепска до Автобуска и Железничка станица, рече Талески, презентирајќи ги одделно проектите.

Би можело да ве интересира

Лажниот лекар „дере“ низ Битола: Од новата жртва зема 9.600 евра

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

Лажни дојави за бомби во училишта во Скопје и Тетово

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Горан Наумовски