Талески од куќен притвор со тужби им се заканува на новинари

Од:

Градоначалникот на Битола, Владимир Талески, првоосомничен во случајот „Транспортер“, од куќен притвор му се заканува со тужба на новинарот од Битола, Симе Алушевски, издавач на весникот „Его“. Во заканите против новинарот, на Талески му се придружил и секретарот на Општина Битола, Слободан Бончановски, кој исто така е осомничен во истиот предмет и одлежа еден месец куќен притвор, објави Мета.

Градоначалникот Талески и секретарот Бончановски во саботата испратија „барање за извинување и јавно повлекување на клеветнички и навредливи изјави“, кои, наводно, Алушевски ги напишал во текстот со наслов „Транспортер“ објавен на 28 април оваа година.
Тие бараа тој во рок од 48 часа да им се извини, а во спротивно следува тужба во согласност со Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета.

Талески, објави Мета, се навредил од формулацијата во текстот со која се кажува дека тој со Бончановски ги „местеле“ тендерите за јавен превоз на ученици. Секретарот на Општината, Бончановски, пак, бил навреден од реченицата каде Алушевски пренесува изјава од прес-конференција на СЈО, каде што се вели дека сметководствената фирма чиј основач е тој вршела услуги за некои од превозниците, инволвирани во случајот „Транспортер“.

Новинарот Алушевски реши да не им се извинува на Талески и на Бончановски бидејќи не гледа со што ги навредил двајцата осомничени општински функционери. Напротив, Алушевски вели дека ова е само продолжување на притисокот од страна на градоначалникот што од поодамна го прави врз него и тоа преку други лица, а сега и директно.

„ Не гледам елементи во текстот со кои сум ги навредил или сум им предизвикал душевна болка на Талески и на Бончановски. Ова го сметам единствено за вршење притисок врз мене да не ги третирам темите во кои градоначалникот и неговите потчинети се осомничени за криминал “, вели новинарот Алушевски.

Би можело да ве интересира

Врховен суд: Пресудата за „Транспортер“ во која е осуден битолскиот градоначалник Владимир Талески е законски изречена

Горан Наумовски

Талески останува во затвор – Врховен пресече, пресудата е законска

А1он

Коалиција за правично судење за „Транспортер”: Како Апелација изрече условни казни за дело каде минимум казна е пет години?

Катерина Ѓуровски

Апелација ги намали казните во „Транспортер“, Владимир Талески треба да лежи седум наместо осум години затвор

Кристијан Ландов

Вишото обвинителство Скопје побара да се одбијат жалбите од обвинетите во „Транспортер“

„Транспортер“: Од фирмите треба да се вратат над 34 милиони, ако немаат ќе се конфискува имот од осудените

Кристијан Ландов