Талески: Експресниот пат Градско – Дреново над 92% е реализиран од СДСМ

Од:

Со гордост денеска го одбележуваме пуштањето во употреба на експресниот пат Градско – Дреново, проект со огромно значење за нашите граѓани. Овој проект, вреден над 37 милиони евра, е дел од посветената работа на СДСМ во развојот на патната инфраструктура и подобрување на животот на граѓаните од овој крај, рече пратеникот на СДСМ Миле Талески.

– Владата на СДСМ обезбеди средства и го реализира проектот со над 92%. Ги заврши: Трите клучки кај Градско, Росоман и Дреново; Четирите вијадукти; Сите мостови, надпатници и подпатници; Како и 98% од поставениот асфалт.Актуелната власт само постави 50 метри асфалт (да се провери) и денеска го пушта ов употреба. Да денеска ќе се китат со туѓи перја но важно е што граѓаните конечно добиваат целосно функционален експресен пат. Очекуваме наскоро да биде завршена и делницата од Дреново до Фариш, која е веќе над 80% реализирана благодарение на домаќинското и одговорно работење на Владата на СДСМ. Беа пробиени и двата тунели на оваа делница и зошто власта сега доцни е прашање, рече Талески.

Би можело да ве интересира

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ