Талески денеска на распит во СЈО

Од:

Битолскиот градоначалник Владимир Талески, кој е првоосомничен во случајот „Транспортер“, денеска во 12 часот треба да биде донесен на распит во Специјалното јавно обвинителство.

Талески, на распит требаше да биде донесен вчера, но поради наводно доцнење на судскиот налог во битолската полиција за спровод на осомничениот градоначалник од неговиот дом, каде издржува куќен притвор, до просториите на СЈО во Скопје, тој не се појави.

На Талески утре му истекува куќниот притвор, а засега од СЈО не можат да кажат дали ќе побараат негово продолжување.

Специјалното јавно обвинителство ги товари Талески и уште 22 лица за злоупотреби со превозот на ученици во Битола, тешки 360.000 евра, во случајот „Транспортер“.

Би можело да ве интересира

Демократски сојуз: Повик до граѓаните да се вклучат во промените

Демократски сојуз: Евроинтеграциите ги блокираат ДУИ и СДСМ

Демократски сојуз: Коалицијата со СДСМ ја напуштивме пред повеќе од една година

Горан Наумовски

Демократскиот сојуз: Да се продолжи рокот на важноста на личните документи

Горан Наумовски

Демократскиот сојуз: Со измените на Кривичниот законик „капиталците“ се на слобода

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Владата во заминување да го реши проблемот со личните исправи