Талески: Бонус плата од над 28.000 денари за 5.879 полицајци

Од:

Покрај реконструкцијата на полициските станици и одделенија, покрај новите униформи и опрема, се инвестира и во платите на полицајците. Деновиве исплатени се 5.897 решенија за бонус плата за 2021 година рече на прес конференција пратеникот на СДСМ Миле Талески.

– 5.897 вработени во МВР добија по 28.718 денари за 150 прекувремени часови изработени претходната година. Бонус плата редовно се исплаќаше и за 2017, 2018, 2019 и 2020 година. За оваа намена од буџетот на МВР се одвија над девет милиони евра. Покрај бонус платата, следува ново зголемување на платите во МВР: Со платата за месец март, добиваат покачување на плата заради усогласување со Закон за минимална плата и тоа за сите работни места е извршено скалесто покачување. Со платата за месец септември, повторно ќе добијат покачување од 5 %, со што во МВР, ќе нема вработен кој зема износ на минимална плата и сите плати ќе бидат поголеми од законски утврдена минимална плата рече Талески.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски