Талат Џафери во одбрана на службеничката: „Секој има право на дополнителен приход“

Од:

На утринскиот брифинг со новинарите, претседателот на Собранието, Талат Џафери, рече дека службеничката во неговиот кабинет, Вјолца Бајрами, за која „А1 он“ вчера објави дека е именувана и за член на Репбуличкиот совет за безбедност на сообраќајот е избрана по предлог на Комисијата за избори и именувања и дека нема ништо спорно во нејзиното именување.

„Таа е избрана за член по предлог на Kомисијатa за избори и именувања. Нема судир на интереси. Тоа не е работно место. Ако има седница ќе оди. Секој има право на дополнителен приход“, рече Џафери пред новинарите.

Претседателот на Собранието рече дека ако приходите ѝ надминат 1 милион денари ќе се пријавела во УЈП.

В. Маглешов

Би можело да ве интересира

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата

Собранието изгласа Резолуција за осуда на опозициските манипулации и нелегалната миграција

Горан Наумовски

Собранието ги донесе измените на Законот за буџетите