Талат Џафери стави потпис-си дозволи да се вози во службено возило уште една година

Од:

Техничкиот премиер во заминување, Талат Џафери, уште една година по престанокот на мандатот ќе може да се вози во службено возило.
Одлуката е објавена во Службен весник на 13 јуни со потпис на самиот Џафери.

Тој по престанокот на мандатот како технички премиер ќе се вози во „шкода суперб“ произведена во 2021 година, која се води на име на Службата за општи и заеднички работи при Владата.

Според Законот за Влада, премиерот на кој ќе му престане мандатот има право да користи обезбедување од шест лица службено возило и возач.
Џафери беше премиер за спроведување на изборите од 28 јануари годинава и заклучно со недела кога се очекува да биде избрана новата влада, тој бил на чело на извршната власт скоро пет месеци.

Но, службено возило ќе може да користи уште една година, бидејќи, според Законот за Влада, премиерот кој ја вршел функцијата пократко од една година, „правото на коритење на службено возило ќе го остварува во период од една година од денот по престанување на функцијата“.

Џафери повторно стана пратеник и доби пратенички мандат на парламентарните избори. Пред неколку дена пред заминување од функцијата се пофали со премиерскиот портрет кој стои заедно со портретите на поранешните премиери во владата.

Би можело да ве интересира

Јавна расправа на Уставен: Апасиев обвинува за политичка дискриминација, Џафери тврди дека станува збор само за пропуштен рок

Катерина Ѓуровски

Џафери ќе му ја предаде функцијата, Мицкоски го почнува мандатот

Џафери во чест на Курбан Бајрам: Солидарноста ја облагородува душата и му дава вредност на животот

Пратеничката група на Левица бара да се констатира престанок на мандатот на пратеникот Талат Џафери

Џафери: Се врши изборен инжeнеринг за менување на соодносот на силите во Собранието

Предраг Петровиќ

Џафери: Ги поддржуваме поставените темели во новиот акциски план за заедничкиот регионален пазар