Пратеничката група на Левица бара да се констатира престанок на мандатот на пратеникот Талат Џафери

Од:

Денес, пратеничката група на Левица до Претседателот на Собранието поднесе официјално писмено Барање за констатирање престанок на мандатот на пратеникот Талат Џафери од ДУИ – по основ на неспојливост на функцијата пратеник и премиер.

Новиот собраниски спикер е должен, кога ќе настапат законските услови за престанок на мандатот на пратеник, тоа да го констатира на првата наредна собраниска седница.

Ова е изрична законска одредба од Уставот на РМ, како и од низа други посебни закони: Законот за Собранието на РМ, Законот за пратениците, Изборниот законик и Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси.

Истовремено, правниот тим на Левица ќе поднесе и претставка до Антикорупциската комисија со цел изницирање прекршочна постапка и изрекување парична глоба против Џафери.

Напоменуваме дека доколку собранискиот претседател, Африм Гаши, не го стави како точка на Дневен ред на наредната седница, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за „Несовесно работење во службата“, а размислуваме и за можна интерпелација заради свесно неспроведување на императивни законски одредби.

Би можело да ве интересира

Левица: Слава на хероите – Честит Ден на победата над фашизмот

Мустафаоглу: Ако договорот со „Маратон“ е чист зошто ЈСП со месеци го крие?

Предраг Петровиќ

Левица: Фотоволтаиците открија колапс на електроенергетскиот систем

А1он

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

Левица: Контролори ги казнуваат граѓаните за дефектите на ЈСП – пораката за платен билет стигнува по половина час

Левица му оддаде почит на Гоце Делчев: Неговото дело да биде водилка за политичко делување, а не само протоколарно чествување

А1он