Талат Џафери го честиташе Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј

Од:

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери упати честитки по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј.

„Ви посакувам срдечни желби за личен напредок и колективно негување на нивната мисија и дела со кои направија епохално влијание врз описменувањето, развојот и културното издигнување на словенските народи, затоа што нивниот неуморен труд и придонес кој ги одбележал нивните животи, е значаен не само за Македонците, туку и за сите народи кои припаѓаат и ја негуваат словенската култура и јазици. Преку описменувањето и ширењето на нивното учење, тие овозможиле голем историски напредок и изградиле цела култура која и денес живее и се развива. Културите се белег на човечкиот род и затоа треба да се негуваат и почитуваат како богатство од непроценлива вредност кое насочено во позитивна насока, може да донесе само развој и напредок“, се вели во честитката од Џафери.

Би можело да ве интересира

Џафери ќе му ја предаде функцијата, Мицкоски го почнува мандатот

Талат Џафери стави потпис-си дозволи да се вози во службено возило уште една година

Џафери во чест на Курбан Бајрам: Солидарноста ја облагородува душата и му дава вредност на животот

Пратеничката група на Левица бара да се констатира престанок на мандатот на пратеникот Талат Џафери

Џафери: Се врши изборен инжeнеринг за менување на соодносот на силите во Собранието

Предраг Петровиќ

Џафери: Ги поддржуваме поставените темели во новиот акциски план за заедничкиот регионален пазар