Талат Џафери денеска во Албанија

Од:

Министерот за одбрана, Талат Џафери, денеска патува за Албанија каде заедно со делегација од министерството ќе престојува во дводневна официјална посета ќе оствари средба со политичкиот врв на нашиот сосед, односно со претседателот на Република Албанија, Бујар Нишани и со претседателката на албанското Собрание, Јозефина Топали.

За време на посетата, министерот Џафери ќе оствари одвоени средби со својот домаќин, министерот за одбрана на Албанија, Арбен Имами, како и со претседателот на собраниската комисија за одбрана и безбедност, Леонард Деми и со бригадниот генерал Бардил Хоџа, командант на копнената војска на албанската армија.

Ова е трета дипломатска посета на функционерите од ДУИ на високи политички претставници на земјите кои се од клучно значење за стабилноста на Македонија и нејзините евроатлански аспирации. Прва таква посета оствари претседателот на ДУИ, Али Ахмети, кој престојува во двенеделна посета на САД каде се сретна со високи претставници од американската администрација, а минатата недела министерот за евроинтеграции, Фатмир Бесими, ја посети Атина каде се сретна со грчкиот министер за надворешни работи, Димитрис Аврамополус.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он