Таксист во Охрид нападнат и ограбен од тројца патници

Од:

Триесет и едногодишен таксист Љ.Ј. од Охрид бил физички нападнат и ограбен од три лица кои претходно со такси ги превезол од дискотеката „Парк“ до булеварот „Туристичка“ во Охрид.

Физичкиот напад и разбојништвото тој ги пријавил утрово во 4.25 часот во СВР Охрид.

Како што соопшти МВР, тојцата засега непознати лица при излегување од таксито на бул. „Туристичка“ физички го нападнале возачот ударајќи го со тупаници, по што му одзеле 15.000 денари.

Таксистот добил повреди на левата аркада и оток околу левото око. Лекарска помош му била укажана во Општата болница во Охрид.

Би можело да ве интересира

Приведен охриѓанец, го фотографирал гласачкото ливче

Катерина Ѓуровски

Работнички од Непал му избегале на газдата од Охрид, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

(ВИДЕО) Пожар во охридската кафеана „Беко“

Горан Наумовски

Ванковска: Сосема нов Устав, затоа што постоечкиот е неупотреблив – дели наместо да сплотува

А1он

Левица од Охрид: Тука Нефи го рушеше АСНОМ додека Пецаков молчи

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска: Ги исполнуваме препораките на УНЕСКО и заеднички овозможуваме трајна заштита на Охридскиот регион