Тајзи, Бајага и Џајковски го наполнија плоштадот во Струмица

Од:

Првата музичка вечер на „Струмица опен фестивал 2014“ потврди дека струмичани се вистински мајстори за големи забави. Го наполнија плоштадот и се забавуваа до доцните ноќни часови. На големата музичка сцена први настапија младите струмички таленти, по нив специфичниот реге и хип хоп изведувач Драган Величковски – Тајзи, потоа Бајага со неговите инструктури, а кулминираше со настапот на неповторливиот Кирил Џајковски, кој откако минатата година ја освои струмичката публика, на нејзино барање, ноќеска го имаше вториот настап на „Струмица опен фестивал“.

Како и секогаш, меѓу своите сограѓани беше и градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев. И тој уживаше во прекрасната музичка вечер, а рече дека е многу задоволен и од досегашниот тек на фестивалот.

-Поминавме осум прекрасни вечери во кои имавме буквално една широка лепеза на сите делови од културата и уметноста, вклучувајќи вечери на поезијата и афоризмот, вечери на ликовната уметност, на џезот, на хип хоп музиката, на театарот, на филмот и многу други. Новина годинава беа двата концерта во Муртино и Просениково, а кулминацијата на „Струмица опен фестивал“ е од вечерва кога почнуваат трите музички вечери, вашите камери сигурно ја доловуваат атмосферата. Јас сум среќен затоа што, пред се младите луѓе, а и сите посетители уживаат во деветтата вечер на „Струмица опен фестивал“, изјави градоначалникот Заев.

Одговорајќи на новинарско прашање, колкав ќе биде бенефитот за општината од трите музички вечери, градоначалникот Заев, рече:

-Бенефитот за општинскиот буџет е нула денари, но бенефитот за угостителството, хотелиерите, малиот бизнис, на дуќанчињата е огромен.

Очекуваме преку двесте илјади посетители во сите единаесет денови на „Струмица опен фестивал“, кулминацијата е секако во недела навечер со Здравко Чолиќ. Ја користам приликата да ги поканам сите граѓани на Република Македонија да ја посетат Струмица, да подзаборават на секојдневните проблеми, да се опуштат и забавуваат и секако од 18 август натаму продолжуваме со нормалниот живот, рече градоначалникот Заев.

Забавата на големата музичка сцена на градскиот плоштад продолжува и вечерва со настапите на Драган Мијалковски, Амадеус и Сарс.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Прегазена е жена во Струмица, заврши во болница

А1он

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите