(ВИДЕО) Тачи: Оживувањето на Пржинскиот договор можеби ќе биде неуспешно

Од:

Според лидерот на ДПА, Мендух Тачи, враќањето на старата власт е најголемиот проблем што сега го има Македонија.

– Не сакам да излезам политичар кој нема надеж за понатаму. Инсистирањето на Меѓународната заедница на емисарот од Министерстото за надворешни работи на Германија да го оживее Договорот од Пржино можеби ќе биде неуспешно, рече Тачи по средбата со Јоханес Хајндл.

Тој истакна дека ДПА сака да се разговара за сите проблеми кои се создадени, а не само за еден проблем селективно.

– Ако имате во Пржинскиот договор 10 до 15 точки, а некој инсистира да се договорите за осмата точка, тоа не е принципиелно. Политичкиот договор треба да биде целосен и од тој политички договор треба да излегува вистински излез од кризата за одредени проблеми што ги имаме. Ние немаме само проблем со изборите, имаме и други проблеми, рече Тачи.

Би можело да ве интересира

Американскиот и иранскиот тим пристигна во Исламабад, почнуваат преговорите

Предраг Петровиќ

Иран ги постави условите за крај на војната

„Волстрит џурнал“: Прoпаднаа пеговорите за прекин на огнот меѓу САД и Иран

Лавров: Русија ќе започне преговори кога претставниците на ЕУ ќе се вразумат

Зеленски тврди: Путин ги отфрла сите обиди за преговори

Пропаднаа разговорите помеѓу Тачи и Ахмети