Тачи: Обединете се против политиката на Груевски и неговиот послушник Ахмети

Од:

Апелирам до вас на 24. март да гласате за ДПА и да продолжите да не поддржувате, а ние нема да ве разочараме. Ова во својот говор го рече претседателот на ДПА Мендух Тачи на синоќешниот митинг во тетовското село Слатино во општина Теарце.

„Ви благодарм што вечерва тука сте собрани во голем број. И во иднина продолжете да ја подржувате Демократската партија на Албанците, а ние нема да ве разочараме. Затоа обединете се и вие и гласајте против политиката на Груевски и неговиот послушник Али Ахмети. За разлика од нашите политички опоненти, ние сме решителни да го продолжиме патот по кој одиме и константно да им помагаме на Албанците“, рече Тачи.

Пред присутните на митингот зборуваше и кандидатот за градоначалник на општина Теарце од редовите на ДПА, Рухан Илјази. Тој рече дека од ДУИ многу лошо менаџирале со локалната самоуправа.

„Вашето присуство во голем број е доказ дека Демократската партија на Албанците има голема подршка во Слатино. Морам да ви кажам, а сигурни и вие се согласувате со мене, дека сегашнава локална самоуправа под раководство на ДУИ многу лошо ја менаџира општината. Затоа ве повикувам да си помогнете на самите себе и да гласате за ДПА, за да можеме заедно да ги решиме проблемите и заедно да ја изградиме иднината на општина Теарце. Ќе се потрудиме да имаме ефикасна администрација и да ги подобриме состојбите во културата, спортот, инфраструктурата. Нашата визија е даработиме транспарентно во интерес на граѓаните“, изјави Илјази.

Синоќа ДПА уште еднаш го промовираше кандидатот за градоначалник на општина Боговиње, Бурхани Изаири, но сега на митинг во селото Пирок.

Би можело да ве интересира

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618

ДИК почна да ги објавува првичните резултати од гласањето: Радически има 891 глас, Усеини 438, Радески 226