Тачи нема да гласа за новите министри

Од:

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи денеска во изјава за медиумите истакна дека нема да гласа, како што рече, министрите на Зијадин Села.

– Јас вчера не реков дека не доаѓам во Скопје. Дојдов, но како што кажав, нема да гласам. Зијадин Села повеќе не заслужува да постои на политичката сцена, тој е обичен криминалец, измамник и нема причина сега да изразиме каење за неговите предлози, изјави Тачи.

Одговарајќи на новинарско прашање дали парламентарното мнозинство има доволно гласови за разрешување на министрите, Тачи рече дека ги имаат обезбедено потребните гласови.

– Тоа е нивен проблем. Мислам дека ги имаат гласовите, рече Тачи.

Тачи и Села претходно беа сопартијци во ДПА, но настана раскол во партијата, по што Села реши да ја формира Алијанса за Албанците.

Би можело да ве интересира

Бубевски: Умислата е причина за Тачи да биде построго казнет, за Мијалков е побудата поради која го сторил делото

Кристијан Ландов

Тачи: Македонија направи голем чекор кон зајакнување на мирот во целиот регион

Наум Локоски

ВИДЕО: На седницата за уставни измени присутни и Груевски, Тачи и Ахмети

Наум Локоски

Мета-Тачи: Албанците во Македонија да гласаат „за“ на референдумот

Наум Локоски

Тачи: Преку гласот на 30 септември да се позиционираме „за“ НАТО и ЕУ

Наум Локоски

Средба Ахмети – Тачи: Граѓаните масовно да гласаат „ЗА“ НАТО и ЕУ

Наум Локоски