Тачи: И името дел од разговорите

Од:

Нова средба на лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на СДСМ Зоран Заев, на ДУИ Али Ахмети и на ДПА Мендух Тачи, ќе се одржи во деновите по викендот. На средбите што се одвиваат во Скопје и во Брисел, тема на разговорите било и името, потврди денеска првиот човек на ДПА Тачи по средбата со американскиот конгресмен Елиот Енгел.

– Разговаравме за политичката криза, за главниот процес што ни е многу важен за деблокирањето на евроинтеграциските процеси. Мојот впечаток од средбата со министерот за надворешни работи на Грција е дека не се веќе радикални позициите на грчката влада и се надеваме дека во таа насока ќе работиме до крајот на годината, рече Тачи. На новинарско прашање тој потврди дека паралелно со лидерските средби се работи и на изнаоѓање решение за спорот со името.

Разговорите меѓу лидерите според него не се одолговлекуваат поради пакетот за името туку поради други несуштински работи.

– Мислам дека следната недела ќе се заврши работи, изјави Тачи.

Многу е рано, вели тој, да се каже дали на пролет ќе има референдум паралелно со изборите.

– Една позиција е јасна дека партиите на Албанците ДУИ и ДПА не претставуваат проблем во оваа насока, рече Тачи.

Кај меѓународната заедница, според лидерот на ДПА, има голема загриженост за политичката криза и за деблокирање на евроинтеграцискиот процес. Тачи вели дека е оптимист во однос на изнаоѓањето решение за излез од политичката криза.

– Мојот став од Брисел е дефинитивен и е договорена работа. ДПА не е заинтересирана да учествува во никаква Влада. Ние баравме и најдовме компромис оваа наша отстапка ќе ја компензираме и бараме во институциите на системот да имаме повеќе важност или учество што ќе гарантираат слободни и фер избори, изјави Тачи.

Претходно, по средбата со Енгел и лидерот на ДУИ Али Ахмети кажа дека денеска нема да се одржи лидерска средба.

Дел од медиумите синоќа и претпладнето објавија дека во текот на денов ќе биде одржана нов состанок на лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на СДСМ Зоран Заев, на ДУИ Али Ахмети и на ДПА Мендух Тачи, во присуство на амбасадорите на САД и на ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав.

Од Амбасадата на САД и од Мисијата на ЕУ во Скопје за МИА информираа дека таква активност на Бејли и Орав за денеска не е предвидена.

Последната средба на лидерите се одржа на 29 јуни, по која партиите објавија соопштение со иста содржина во кое беше наведено дека лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, на СДСМ, на ДУИ и на ДПА ги продолжиле дискусиите за точната организација на владата што ќе ги подготви изборите, како што е предвидено во шестата точка од договорот од 2-ри јуни во Скопје.

Во тој контекст, како што беше посочено, лидерите се договориле да се состанат повторно во деновите што следуваат.

Би можело да ве интересира

Пропаднаа разговорите помеѓу Тачи и Ахмети

Тачи нема да гласа за новите министри

Горан Наумовски

Бубевски: Умислата е причина за Тачи да биде построго казнет, за Мијалков е побудата поради која го сторил делото

Кристијан Ландов

Тачи: Македонија направи голем чекор кон зајакнување на мирот во целиот регион

Наум Локоски

ВИДЕО: На седницата за уставни измени присутни и Груевски, Тачи и Ахмети

Наум Локоски

Мета-Тачи: Албанците во Македонија да гласаат „за“ на референдумот

Наум Локоски