Тачи: Договорот со СДСМ за локалните избори веќе не постои

Од:

Договорот на СДСМ и ДПА за изборна соработка е дефинитивно раскинат, соопшти Мендух Тачи, две недели откако по средбата со американскиот амбасадор изјави дека разнишаниот договор може да се обнови ако социјалдемократите први направат чекор.

„Договорот со СДСМ за техничка соработка за локалните избори е поништен и веќе не постои“, порача денеска лидерот на ДПА, Мендух Тачи, по средбата со директорот на Директоратот за проширување на ЕУ, Стефано Санино.

„Мојата изјава пред американската амбасада малку се преврти од медиумите. Жалам кога ми ги вадат зборовите надвор од контекст. Жалам зашто договор веќе нема, тој е поништен и не постои. Постои можност за разговори за сосема други теми. Очекувавме некое време дека ќе рефлектираат оние што го поништија договорот, но од нивна страна немаше рефлексија и уште еднаш велам дека не може така да работиме – еден ден да се договориме, а друг ден да бараме договорите да се предмет на разговори. Уште оваа недела ги завршуваме сите кандидатури и секој со својата среќа“, изјави Тачи.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“