СВР Струмица го одбележа Денот на превенцијата

Од:

Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи од Струмица денеска го одбележа Денот на превенцијата со посета на децата од градинката „Детска радост“.

Активноста е во рамки на проектот „Полицијата поблиску до граѓаните“ што СВР Струмица го спроведува со ОБСЕ.

– Задоволство ни е што соработката со детската градинка во Струмица трае повеќе години. Нашите досегашни едукативни предавања кои ги реализираме во градинките вродуваат со плод. Децата на тој начин се едуцираат за почитувањето на сообраќајните знаци, правила и прописи. Само со заедничка соработка може да ја градиме довербата на децата во полицијата, да работиме за подигање на јавната свест зошто, децата се нашата иднина и се најранливата категорија во сообраќајот и мора да ги заштитиме, рече Хризантема Рендевска, началник на Одделот за превенција при СВР Струмица.

Децата добија маички и новогодишни пакетчиња од началникот на СВР Струмица, Танчо Пројковски, а на настанот присуствуваа и претставници од ОБСД.

Би можело да ве интересира

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Запленети околу 600.000 евра во готовина во Струмица, се истражува потеклото на парите

А1он

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски