СВР Куманово поднесе кривична пријава против двајца шумари

Од:

Секторот за внатрешни работи Куманово до Основното јавно обвинителство Куманово поднесе кривична пријава против Ф.З.(44) и А.Б.(42) поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело „несовесно работење во службата“.

Пријавените, како вработени во ЈП „Македонски шуми“- подрачно шумско стопанство Куманово, при извршување на работните задачи како шумочувари на реоните „Црн Врв“ и „Белановце“, на шести февруари годинава во село Белановце сопреле патничко возило „Опел Астра“, управувано од М.Р., кое било натоварено со бесправно исечено дрво.

– Наместо да го обезбедат и предадат за понатамошна постапка, тие постапиле спротивно на своите службени овластувања и на одредбите од Законот за шуми и под изговор дека е дефект го оставиле без надзор и незаклучено со клуч за стартување на брава, од каде подоцна М.Р. непречено си го зел во свое владение, се наведува во соопштението на кумановската полиција.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Загина 64-годишен возач во близина на Куманово

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Пронајдена почината 50 годишна кумановка

А1он

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби