СВР-Битола со 15 нови полициски возила „шевролет спарк“

Од:

СВР-Битола од денеска на располагање има 15 нови полициски возила „шевролет спарк“ кои ќе бидат во функција на потребите на секторот за внатрешни работи чија надлежност се врши во повеќе општини од пелагонискиот регион.

На денешниот промотивен настан во СВР-Битола беше посочено дека скторот неодамна, освен 15 полициски возила „шевролет спарк“, добил и 15 возила „шкода јети“ со што значително е подобрена сликата на возниот парк во СВР-Битола.

– Новите возила се економични и со целосно вградена полициска опрема. Со зајакнувањето и подобрувањето на возниот парк ќе се придонесе за зголемување на ефикасноста на полицијата, истакна Магдалена Димитровска, задолжена за односи со јавност од СВР-Битола.

Според планираното и потребите на секторот за внатрешни работи, 5 полициски возила „шевролет спарк“ ќе се користат само на подрачјето на општина Битола додека останатите 10 полициски возила ќе бидат распределени во полициските станици во општините Прилеп, Ресен, Крушево, Демир Хисар и Македонски Брод, беше истакнато на денешната средба со новинарите во СВР-Битола.

Би можело да ве интересира

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол