СВР Битола поднесе посебен извештај до Обвинителството за случајот „Транспортер 2“

Од:

Против шест лица вработени во Општина Битола поднесен е посебен извештај од полицијата до обвинителството за предметот „Транспортер 2“, поради несовесно работење и злоупотреба на службена положба, со што ја оштетиле општинската каса со 4.321.388 денари.

– Секторот за внатрешни работи Битола, постапувајќи по наредба на Основното јавно обвинителство Битола, во врска со предметот со кодно име „Транспортер 2“, кој се однесува на распишан тендер за избор на најповолен понудувач за превоз на ученици во учебната 2015/2016 година, до ОЈО Битола поднесе посебен извештај против лицата С.П.(54), С.Д.(58), В.П.(48), П.П.(51), С.Б.(58) и В.Т.(58), сите од Битола, вработени во Општина Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела – „несовесно работење во службата“ и „злоупотреба на службена положба и овластување“, предвидени во Кривичниот законик на РМ.

Лицата С.П., С.Д., В.П. и П.П., во својство на членови на Комисијата за јавни набавки при Општина Битола, постапиле спротивно на член 169 од Законот за јавни набавки на тој начин што не ја поништиле постапката за избор на најповолен понудувач, иако во тендерската постапка констатирале дека понудените цени за превоз на ученици во учебната 2015/16 се многу повисоки од реалните цени на пазарот.

Во соопштението е наведено дека ако на пример за една од линиите посочени во тендерот во учебната 2013/14 година цената за превоз по ученик на ден била 1.000 денари, во учебната 2015/16 била 3.168 денари по ученик на ден, додека во учебната 2016/17 формирана била цена од 440 денари по ученик на ден, со што на две правни лица, превозници од Битола, им било овозможено да се стекнат со поголема материјална корист.

Секретарот на Општина Битола С.Б. иако немал ингеренции врз работата на Комисијата за јавни набавки, потпишал согласност за склучување на договори за превоз на ученици во учебната 2015/16 со нереални пазарни цени. Градоначалникот на Општина Битола В.Т. донел Одлука за најповолни понудувачи по тендерот за превоз на ученици во учебната 2015/2016 година, по што потпишал штетни договори со две правни лица – превозници од Битола.

Со преземените дејствија пријавените на општина Битола и причиниле материјална штета од 4.321.388 денари, се наведува во денешното соопштение од МВР.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он

Екс-директорот го украл ехо апаратот од болницата во Кичево

Партизацијата на МВР на дело, полицајци на партиски состаноци на ДПМНЕ обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски