Светскиот ден на предвреме родените деца

Од:

Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство денеска, по повод Светскиот ден на предвреме родените деца, во Театарот за деца и младинци ќе ја презентира најновата статистика во врска со намалување на процентот на смрттноста на новороденчињата, како и мерките кои се преземаат за продолжување на овој тренд на пад на смртноста.

На одбележувањето на Светскиот ден на предвреме родените деца, што оваа година се одржува под слоганот „Да соработуваме: Партнерство со семејствата во грижата и негата на предвреме родените деца“, Клиниката ќе потпише Меморандум за соработка со Граѓанската организација „Лулка“.

Најавено е дека ќе се обрати министерот за здравство Венко Филипче, како и директорите на Клиниката и претседателот на граѓанската организација „Лулка“.

Актерите од Театарот ќе одржат претстава за дечињата кои биле негувани на одделението за интензивна нега во ГАК.

Би можело да ве интересира

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец

Предраг Петровиќ

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски