Светскиот ден на детето одбележан во Кисела Вода

Од:

Денес, во ЈДГ „8 Март“, во објектот „Расадник“ по повод одбележувањето на Светскиот ден на детето, 20 Ноември, се одржа едукативен час за заштита на животната средина.

На едукативното предавање кое го одржа Марио Трајковски, менаџер на Кариерниот центар при Факултетот за земјоделски науки храна и ветеринарство, дечињата имаа можност да слушнат совети како да ја заштитат животната средина и како да придонесат за почиста и позелена околина. Покрај ова, Трајковски преку видео презентација ги запозна децата и со процесот на рециклирање.

Овој настан, дечињата го збогатија со ликовни активности преку кои ги покажаа своите креативни вештини. Тие насликаа многу цртежи кои испраќаат пораки до возрасните за тоа како треба да изгледа опшеството во кое се развиваат.

Во сликањето и идеите за цртежите им помагаа претставниците од Факултетот за земјоделски науки храна и ветеринарство, Анастасија Пауноска, Марио Трајковски и Симона Гавриловска. На настанот учествуваше и Александар Талевски претставник од НХС Здружение за животна средина и екологија. Присутни беа и Габриела Стојановска, директор на ЈДГ „8 Март“ и Ана Ѓуроска, претставник од Општина Кисела Вода.

Светскиот ден на детето се одбележува од 20 Ноември 1954. Додека, на денешен ден во 1959 Генералното Собрание на Обединетите нации усвои Декларација за правата на децата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Четири години локална власт во Кисела Вода предводена од ВМРО-ДПМНЕ, четири години развој на општината

Ѓорѓиевски: Повеќе од 20 спортски терени се изградени изминативе четири години во општина Кисела Вода

Фон дер Лајен: Секое украинско дете мора да биде вратено

Горан Наумовски

ОН: Од 136.000 деца во Газа на возраст меѓу шест месеци и пет години, 12.000 се неухранети

18.500 палестински деца кои се убиени во Појасот Газа

Во Македонија секое трето дете живее во сиромаштија