Манифестација по повод 5 јуни, Светски ден на заштитата на животната средина, ќе се одржи денеска во Градскиот парк. На манифестацијата ќе се обратат министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми и градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.
Следејќи го светското мото, дадено од Програмата за животна средина на Обединетите нации (УНЕП), кое годинава е „Мисли – Јади –Заштитувај“, за одбележување на денот организирани се повеќе содржини со кои се става акцент на одржливото трошење на храната, намалување на отпадот од храна и и намалување на негативниот притисок врз животната средина.
Настанот се организира како заедничка активност на Министерството за животна средина и просторно планирање и Градот Скопје, јавните претпријатија на градот, институциите, невладините организации, средните училишта и другите субјекти од областа, а со поддршка од УНДП.