Светски ден на животната средина

Од:

Петти јуни е Светски ден на животната средина, а оваа година има за цел да ја подигне свеста за влијанието на климатските промени над малите земји од целиот свет.

Овој ден се одбележува во над 100 земји и вклучува милион жители од целиот свет.

Одбележувањето на Светскиот ден на животната средина започна во 1972 година и прерасна во клучна алатка на ОН за инспирирање на позитивна акција за заштита на животната средина.

Во рамки на одбележувањето во Скопје денеска ќе се одржи конференција „Последици од климатските промени – проблеми – решенија – дискусии – заклучоци“.

Организатори на конференцијата се Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со еколошкото здружение Гоу Грин, Амбасадата на Франција во Скопје, Министерството за животна средина и просторно планирање, Цементарница УСЈЕ и Сојузот на извидниците.

Целта е да бидат претставени последиците од климатските промени во Македонија, франција и Германија и ќе се разговара за улогата на младите луѓе и на малите земји во создавање решенијан за нивно намалување.

По повод Светскиот ден за заштита на животната средина Агенцијата за млади и спорт во соработка со градот Скопје, општина Гази Баба и Министерството за животна средина организира чистење на трим патеката во Парк шумата „Гази Баба“.

Партијата ДОМ организира двочасовен настан на плоштадот Македонија во Скопје.

Би можело да ве интересира

Шукова: Еколошка катастрофа и труење на реките, храната под ризик

Предраг Петровиќ

Еко-манипулација: Новите рудници ќе работат под еколошки стандарди и се ќе биде чисто, зелено и еколошки

Предраг Петровиќ

АУЕ-ФОН со еко-акција „МЛАДИТЕ ЗА ПРИРОДАТА“, за подигнување на свеста за заштита на животната средина

А1он

Худолин: Зелениот договор треба да биде вклучен во секоја сфера

А1он

Дислокацијата на тешката индустрија е логичен почеток за новиот ГУП – експертите за планот на Шилегов

Предраг Петровиќ

Истражување: Размножувањето на египетските мршојадци во заробеништво клучно за нивното преживување, на Балканот регистрирани само 46 пара

Ана Ололовска