Светски ден на згрижувачите

Од:

Се зголемува бројот на згрижувачки семејства во Македонија, а расте и свеста кај јавноста за нивното значење во општеството, беше речено на денешниот настан со кој се одбележа 1 Јуни, Светскиот ден на згрижувачите.

На прославата пред Спомен-куќата на Мајка Тереза, освен деца сместени во згрижувачки семејства, присуствуваат и деца и згрижувачи од СОС-Детското село.

– Улогата на згрижувачките семејства е многу голема. Огромна е и нивната обврска да создадат независни луѓе со конкретно занимање, луѓе кои ќе бидат економски независни, станбено обезбедени, за да не се вратат повторно во системот на социјална заштита, изјави Виолета Георгиевска од СОС-Детско село.

Според Александра Валкановска од Црвениот крст на Град Скопје кој е и главен организатор на манифестацијата, Светскиот ден на згрижувачите е одлична можност за дружење на децата и нивните семејства.

– Неопходно е јавноста да знае колку е важна улогата на згрижувачките семејства во општеството и да даде максимална поддршка во оваа насока, напомена Валкановска.

Во СОС-Детското село има 12 згрижувачки семејства и уште едно, интервентно, кое згрижува деца во ризик, додека на ниво на Град Скопје се вкупно 35.

Би можело да ве интересира

Во Кавадарци отворена канцеларија за поддршка и советување за родители и деца

А1он

Возиме со срце – бидејќи семејството е моторот кој нѐ движи

А1он

СОС Детско село инвестира во современи методи за подобрување на односот меѓу родителите и децата кои доживеале траума

Кога довербата и грижата растат заедно со децата – Четврта година партнерство меѓу Flex Credit и СОС Детско село

25 години СОС Детско село – 25 години менуваме животи

Компанијата ФРУКТАЛ донираше овошни сокови на Црвениот Крст и СОС Детско село

А1он