Светски ден на здравјето, специјална награда од МЛД за Македонското здружение на инфектолози

Од:

Специјалната награда од Македонското лекарско друштво по повод Светскиот ден на здравјето – 7 Април, ја доби Македонското здружение на инфектолози за секој поединец инфектолог во првите борбени столбови во пандемијата со Ковид-19.

Проф. д-р Елена Трајковска Докиќ, проф. д-р Сашко Јовев, прим. д-р Гордана Кузмановска и прим. д-р Елизабета Зафировска, пак, се добитници на повелбата „Трифун Пановски“.

-Денеска е 7 април, интернационален ден на здравјето. За жал славењето и честитките околу овој наш празник е покриен со мрачниот вел на пандемијата Ковид-19 и Македонското лекарско друштво (МЛД) кое влегува во 76 година на своето постоење мораше да ги модифицира своите задачи и дејности, соопшти МЛД.

Се заблагодаруваат на лекарите и здравствениот персонал за напорите во борбата против пандемијата.

– Македонското лекарско друштво им оддава голема почит и благодарност на сите лекари и здравствен персонал кои се вклучени во борбата со Ковид-19 и нашата порака и молба до вас драги колешки и колеги, продолжете да вложувате натчовечки напори во борбата против пандемијата, внимавајте на вашето здравје и на вашите најблиски во вашата професионална работа бидејќи вие сте чувари на здравјето на секој поединец во нашата држава, наведуваат од МЛД.

Би можело да ве интересира

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!

(ВИДЕО) Цветановски: Зошто за шокантниот скандал со операциите веднаш не се поднесени кривични пријави?

Горан Наумовски

Јавното здравство троши сè повеќе, а дава сè помалку – истражување за ризиците од корупција во јавните набавки во здравството

Алиу: Продолжуваме со инвестиции во здравството – надградба на хибридната сала на Клиника за државна кардиохирургија, единствена од ваков тип во државата и регионот