Грчка црква: Се молиме БПЦ да се откаже од улогата мајка црква на МПЦ

Од:

Светиот Архиерејски Синод на Црквата на Елада, на заседанието од 14-ти Декември, оваа година, а по повод соопштението на Светиот Архиерејски Синод на Бугарската Православна Црква, ја разгледуваше одлуката на таа Црква, од 29-ти Ноември 2017 година, да го прифати барањето на расколничката црква на „Македонија“ и да преземе улога на нејзина „мајка Црква“.

„По тој повод, Светиот Синод ја изразува својата загриженост, заради фактот на мешање, со таа одлука, на Бугарската Православна Црква во јурисдикцијата на друга Православна Црква, т.е. на Српската Православна Црква, чин, којшто е спротивен на Светите Канони и на Преданието на Црквата, со што ги превидува канонското право и водечката улога на Вселенската Патријаршија, што може да биде почеток на немили собитија.

Светиот Синод се моли да преовладее совеста и одлуката на сестринска Бугарска Православна Црква конечно да не се спроведе“, соопштуваат од Светиот Архерејски Синод на Православната Црква на Елада.

Би можело да ве интересира

Г.г. Стефан: Ништо друго не може да ни даде сила и утеха освен надежта во воскресението

МПЦ-ОА замолува за достоинствено и христијанско однесување на погребите

Српскиот патријарх Порфириј на Светосавската академија во Скопје

Нов портпарол на Синодот ќе биде епископот Хераклејски г. Климент

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Богородичната икона Троеручица денеска пристигнува во Скопје