Свекрвата ќе одлучува за снаата што се обучува: И претседателката на Врховен во Академијата за судии и обвинители

Од:

Претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми е уште еден од предлозите за членови на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители, иако нејзината снаа е на обука во оваа институција. Таа ја потврдува информацијата за „А1он“ и посочува дека била едногласно поддржана од судиите да биде кандидат. Со ова, претседателката Адеми е во иста ситуација како и шефот на ОЈО-ГОКК, Ислам Абази, кој беше кандидат за Управниот одбор во Академијата, каде пак, обука посетува неговата сопруга. Тој по критиките од јавноста и укажувањето дека може да влијае, се откажа од местото во одборот.

Според Законот за Академија на судии и јавни обвинители, Управниот одбор носи одлуки за кандидати, меѓу кои се роднините на обвинителот и судијката. Тоа би значело дека може да постои конфликт на интереси, но и можност за влијание.

„На последната Општа седница бев предложена од страна на врховни судии за член на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители. Судиите едногласно го поддржаа и гласаа за предлогот да бидам член на Управниот одбор на АСЈО“, вели претседателката на Врховен суд, Адеми за „А1он“.

Ако врховната судијка Адеми биде избрана за член на Управен одбор на Академијата, ќе одлучува дали снаата ќе стане судија или јавен обвинител. Законот кој ја регулира работата на Академијата предвидува дека Управниот одбор носи одлуки по приговори поднесени од кандидати, а учествуваат и во постапката за полагање бидејќи членовите на овој одбор на крајот од процесот го усвојуваат извештајот.

„За целокупниот тек и постапка на полагањето на завршниот испит претседателот на Комисијата од членот 93 на овој закон поднесува извештај до Управниот одбор за усвојување“, стои во членот 60 од Законот, за потоа, во член 63 да пишува: „На седницата на Управниот одбор на која се разгледуваат приговорите учествува и претседателот на Комисијата за завршен испит или член којшто ќе го определи тој, без право на глас“.

Со функцијата член на Управен одбор, постои можноста и за вршење на влијание. Во надлежноста на членовите е назначување и разрешување на директор, да одлучуваат за тоа кои ќе бидат предавачи, да формираат и распуштаат комисии, усвојуваат извештаи, донесуваат акти.

“Како што веќе Ви посочив, предлогот да бидам член на Управниот одбор беше едногласно усвоен со образложение дека позитивни се оценките за работата на Врховниот суд, за кои, сепак, голема улога има и прашањето на личниот интегритет и совесното постапување. Мојот личен интегритет не дозволува да постои конфликт на интереси или злоупотреба на влијание. Воедно постојат и правни и законски механизми кои треба и мора да се почитуваат во таа насока”, вели Беса Адеми за а1он.

Би можело да ве интересира

Врховен ја одби како неоснована жалбата на Боре Видевски, еден од осомничените за убиството на Вања и Панче

Предраг Петровиќ

Врховниот суд одржа седница на судии, Адеми ги информира за кривичната постапка против Наке Георгиев

Судскиот совет му го одзеде имунитетот на врховниот судија Георгиев и одобри притвор

Катерина Ѓуровски

Уапсен судија од Врховен суд поради сомневање за примање награда за противзаконито влијание

Управен суд донесе одлука: Прием на слушатели на Академијата за судии и обвинители по изборите

Управен суд пресуди во полза на Академија зa судии и јавни обвинители, ја поништи одлуката на Антокорупциска